
Free
Rating summary
About
Официјалната апликација на Општина Центар — Скопје, урбаното срце на градот. Сите информации и услуги на општината, сега на едно место, достапни во секое време.
ВЕСТИ И НАСТАНИ
Бидете во тек со најновите случувања во општината. Прочитајте ги официјалните вести, соопштенија и јавни повици директно од Општина Центар, веднаш штом бидат објавени.
ДИГИТАЛНИ АЛАТКИ И Е-УСЛУГИ
Брз пристап до дигиталните сервиси на општината:
• ГИС Портал — интерактивна мапа на општината
• е-Урбанизам и е-Дозволи — електронски постапки за урбанизам и градежни дозволи
• Мој Буџет — транспарентен преглед на општинскиот буџет
• Преглед на сите општински услуги, организирани по категории, со брзо пребарување
ДОКУМЕНТИ И ОБРАСЦИ
Пронајдете и отворете општински документи, обрасци и одлуки, подредени по категории и достапни за преземање со неколку допири.
КОНТАКТ И ПРИЈАВИ
• Контакт информации: адреса, телефон, е-пошта и работно време
• Пријавете проблем или испратете предлог директно до општината
• Корисни линкови: пристап до информации од јавен карактер, пријава на корупција, отворени податоци и граѓански буџет
Апликацијата е наменета за сите граѓани на Општина Центар, но и за сите што живеат, работат или престојуваат во центарот на Скопје.
Општина Центар — поблиску до граѓаните.
Show more
What's New in Општина Центар
1.01
August 23, 2026
нова икона сменето работно време



