
Free
About
RACE MK е апликација за следење во живо на учесници за време на трки и спортски настани. Организаторите во реално време ја следат позицијата на секој тркач на мапа, додека учесниците се приклучуваат со код или QR-код и со едно притискање на „Започни следење“ ја споделуваат својата локација.
Тркачите можат да внесат стартен број и да следат информации во живо како време, поминати километри, моментална брзина и темпо. Следењето е активно само за време на настанот и започнува исклучиво со согласност на корисникот. За правилно функционирање потребна е дозвола за локација за апликацијата да работи и со заклучен екран.
Организаторите имаат веб-пристап за креирање и управување со настани, со активирање на трката и мапа во живо со позиции на сите учесници. Пристапот е заштитен со PIN, а локацијата се споделува само за време на активен настан.
RACE MK е идеално решение за трки, маратони, кросови, велосипедски и други спортски настани каде што е важно следење во реално време.
Show more
What's New in RACEMK
1.1
March 23, 2026
Update


